Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД не дава визи за албански функционери криминалци

САД не дава визи за албански функционери криминалци
Нема визи за САД за албанските функционери со криминално досие, изјави американскиот амбасадор во Тирана, Доналд Лу. Тој објасни дека овој чекор на Вашингтон е со цел да влијае во процесот на декриминализација на  општеството во Албанија. Американскиот дипломат Лу заедно со неговите колеги од земјите на ЕУ, бараат од власта и опозицијата на Албанија да спроведат декриминализација на општеството. Лу смета дека во земјата има и добар процент на функционери со криминално досие. Американската амбасада во Тирана, неодамна одби да даде американска виза на неколку познати албански судии. Оттаму најавија дека исто ќе постапат и со другите претставници во судството кои имаат криминално досие.
Слично

Поврзани вести