Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД: Косово има законска обврска да формира Заедница на српски општини

САД: Косово има законска обврска да формира Заедница на српски општини

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Приштина излезе со соопштение во врска со последните настани поврзани со повлекувањето на Србите од властите на Косово и формирањето на Заедницата на српските општини.

Соединетите Американски Држави и се придружуваат на Европската унија барајќи од косовските власти да ги почитуваат своите обврски без одлагање, вклучително и формирањето на Заедницата на српските општини, соопшти американската амбасада во Приштина.

Тие наведоа дека тоа значи итно продолжување на процесот за пререгистрација на возилата и суспензија на какви било казнени мерки против сопствениците на регистарските таблички на КМ до решавање на проблемот со регистарските таблички во дијалог, како и итен почеток на преговорите за формирање на Заедницата на општини со српско мнозинство.

„Собранието на Косово го ратификуваше Бриселскиот договор, а Уставниот суд на Косово одлучи да ја основа Заедницата, што го прави нејзиното формирање законска обврска за Косово. Континуираниот неуспех на Косово да ја спроведе оваа обврска го нарушува владеењето на правото и му штети на угледот и кредибилитетот на Косово“, посочуваат од американските амбасади.

САД, како што е наведено, се согласуваат со Европската унија дека неодамнешните случувања во односите меѓу Косово и Србија предизвикуваат голема загриженост и го загрозуваат значителниот напредок постигнат во дијалогот со посредство на ЕУ.

Тие, исто така, посочија дека повлекувањето на Србите од косовските институции не е решение за актуелните спорови и има потенцијал за дополнително ескалирање на тензиите на теренот.

Амбасадата соопшти дека е одговорност на двете страни да гарантираат мир и стабилност.

„Акциите, како што се палење автомобили или застрашувачката реторика, се неприфатливи и ќе предизвикаат соодветен одговор од меѓународната заедница. Ги повикуваме да го изберат патот на дијалогот и да се воздржат од дејствија што доведоа до насилство и конфронтација“, предупреди амбасадата. .


Слично

Поврзани вести