Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД ќе преземе мерки против сите кои купуваат иранска нафта

САД ќе преземе мерки против сите кои купуваат иранска нафта

САД им се закануваат со санкции на сите кои ќе набавуваат иранска нафта.

САД ќе им наметнат санкции на сите кои ќе се снабдуваат со иранска нафта или ќе соработуваат со иранската Револуционерна гарда, предупреди во американската функционерка Сигал Манделкер.

„Ќе продолжиме да вршиме притисок врз Иран и ги повторувам зборовите на претседателот Доналд Трамп дека нема да има никакви изземања за иранската нафта“, рече Сигал Манделке, државна секретарка задолжена за тероризма и финансиско разузнавање во американското министерство за финансии. Додаде дека продажбата на иранскатата нафта „сериозно потонала“ поради американскиот притисок.

Иранскиот извоз на сирова нафта, според процените на аналитичарите, е намален за повеќе од 80 отсто поради новите американски санкции против Иран. Тие се наметнати откако Вашингтон во мај 2018 година се повлече од нуклеарниот договор кој Техеран го потпиша со шесте светски сили во 2015 година. 

Слично

Поврзани вести