САД ќе инвестира седум милијарди долари за струја во Африка
Инвестиции тешки седум милијарди долари најави претседателот на САД Барак Обама за новиот план со кој треба да се обезбеди струја во Африка. Како што објави Белата куќа, проектот е наречен „Power Africa”, а Обана го најавува за време на посетата на Кејптаун. Целта на инвестицијата е да се обезбеди двојно подобар пристап до електрична енергија во зенјата каде што над две третини од населението немаат струја.
„Power Africa” треба да ги користи огромните енергетски потенцијал на Африка, пред се новооткриените резерви на нафта и гас, но и потенцијалот за развој на чиста геотермална енергија и хидроенергија.
Етиопија, Гана, Кенија, Либерија, Нигерија и Танзанија се земјите во кои треба да биде спроведен овој проект.
Слично
