Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД ја критикуваат Азиската банка, ММФ воодушевен

САД ја критикуваат Азиската банка, ММФ воодушевен

ММФ со „воодушевување“ ќе соработува со новооснованата Азиска банка за инфраструктурно инвестирање на чие чело е Кина, вели Кристин Лагард.

АИИБ, со повеќе од 30 земји членки, е замислена како банка за развој - слична на Светската Банка.

Шефицата на ММФ оценила дека постои „голем простор“ за соработка на ММФ со АИИБ во финансирањето на инфраструктурата.

САД неодамна ги критикуваа Велика Британија, Франција и другите сојузници поради поддршката на новата банка. Вашингтон во АИИБ гледа ривал на Светската банка и орудие во рацете на Пекинг за ширење на влијанието во Азија.

Белата куќа изразила надеж дека Велика Британија ќе го „употреби својот глас како АИИБ би вовеле високи стандарди“.

Земјите од светот морат до 31 март да се изјаснат дали ќе бараат членство во АИИБ. Освен Велика Британија, оваа нова институција ја поддржуваат и Франција, Нов Зеланд, Швајцарија , Германија и Италија.

Кристин Легард рекла во Пекинг, на отварањето на Форумот за развој на Кина, дека верува и дека Светската банка ќе соработува со АИИБ.

Кина таа банка ја основаше во 2014 година и во неа најголем дел од основачкиот капитал иизнесува 50 милијарди долари.

Слично

Поврзани вести