Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД избегнуваат разговори за намалување на цените кај храната

САД избегнуваат разговори за намалување на цените кај храната
САД ја блокираа иницијативата за свикување  вонредна средба на Г-20  поради разгледување на ситуацијата на светскиот пазар на храна, чии цени постојано растат, објавува весникот „Фајненшл тајмс“. Притоа се наведува дека Вашингтон, кој претседава со новата структура на Г-20 „Форум за брзи реакции“ објавил соопштение во кое се истакнува дека земјоделските пазари функционираат и немало потреба од вонредна средба. Претставникот на САД во Агенцијата за храна на ОН Креол Џонсон, изјави дека владите на голем број земји во светот, вклучително најголемите производители на земјоделски производи од групата Г-20, дејствуваат внимателно и отворено и не дозволуваат забрани за извоз на прехранбени стоки, кои периодот од 2007 и 2008 година придонесоа за зајакнување на променливоста на цените. Во меѓувреме цените на прехранбените продукти на светскиот пазар го достигнаа својот шестмесечен максимум. Согласно извештајот на Агенцијата за храна на ОН, во септември годинава просечниот раст на цените на светските пазари е 1,4%.
Слично

Поврзани вести