Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД и воведоа нови санкции на Москва

САД и воведоа нови санкции на Москва

САД и воведоа нови санкции на Русија, може да се забележи на сајтот на Министерството за финансии на САД. Заводот објави проширен список со имињата на санкционираните.

Од Вашингтон предупредуваат дека последните напади на проруските сепаратисти, вооружени од Русија, го нарушуваат мировниот план за Украина.

„Ако Русија продолжи да го поддржува дестабилизирањтое на активностите во Украина и ги крши договорите од Минск, и спроведувањето на планот, ќе продолжи да се соочува со повисока цена“, предупредува претставник на Заводот.

Во листата влегуваат 14 физички лица и две организации. Меѓу нив се Руската национална комерцијална банка (РНКБ) Евроазискиот младински сојуз, поранешниот премиер на Украина Микола Азаров, поранешниот прв вицепремиер и поранешен претседател на Народната банка Сергеј Арбузов, рускиот јавен деец Александар Дуги и други.

На крајот на февруари државниот секретар Џон Кери разговараше со британскиот колега Филип Хамонд, од што стана јасно дека малодушното однесување на Русија спрема Украина е главната причина САД и Велика Британија да разговараат за зајакнување на санкциите против Москва.

Слично

Поврзани вести