САД и ЕУ се за подоцнежни избори во Македонија-Партиите на потег!
Во Македонија нема услови за одржување на фер и демократски избори на 24 април. Тоа, го соопшти американскиот амбасадор во Скопје Џес Бејли по средбата со премиерот Емил Димитриев.
Изјавата беше одложувана неколку пати во последните три дена.
Вчера (21 февруари) се стигна и до вонредна лидерска средба, на која сепак не присуствуваше шефот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Бејли ја прочита заедничката порака која е овластена од амбасадорот на ЕУ во Скопје Аиво Орав.
До Бејли беше заменикот на Орав, бидејќи амбасадорот на ЕУ во Скопје во моментов е во Брисел.
Во извештајот двајцата ги повикуваат политичките лидери во земјата сами да одредат нов датум за избори. Според него, тие треба да наведат што е можно поблизок датум по оној од 24-ти април. Бејли соопшти дека за време на разговорите е споменат и датумот 5-ти јуни.
„Сериозно ги поддржуваме сите политички лидери, од власта и опозицијата, како и институциите да го исполнат договорот од јуни / јули минатата година. Ако изборите не се одржат на утврдениот датум се очекува политичките лидери да создадат услови за спроведување на фер избори со што е можно поблизок датум кога целосно ќе се исполнат обврските на Државната изборна комисија. Партиските водачи го предложија датумот од 5-ти јуни, како возможна алтернатива за избори ...., на која сите граѓани и партии ќе учествуваат слободно“, се вели во извештајот на амбасадорите.
Орав и Бејли потенцираат дека и во иднина ќе го следат напредокот и исполнувањето на преземените обврски. Двајцата ги повикуваат политичките лидери да ги преземат неопходните чекори за враќање на земјата на патот на нејзината евроинтеграција.
Опозициската Социјалдемократска партија (СДСМ) на Зоран Заев постојано повторуваше дека во земјата нема услови за спроведување на фер и демократски избори.
Според Заев „додека не се провери и исчисти избирачкиот список и нема слободни медиуми во Република Македонија“ не може да има избори.
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека повеќе нема да учествува на состаноците организирани од белгискиот посредник Питер Ванхауте.
Во соопштението посредникот го нарекоа како „обичен турист, кој може да ја посети Музејот на револуцијата во Скопје“.
Самиот Питер Ванхауте објави порака на Twitter, во која пишуваше дека на 24-ти април не може да има избори.
Повеќе од 1 година Македонија се наоѓа во тешка политичка криза. Таа беше поттикната од откритијата на Зоран Заев за криминалистички карактер на управувањето на Никола Груевски, кој беше на власт од 2006 година до јануари 2016 година.
Во земјата се одржаа масовни протести со барање за оставка на Груевски.
Со посредство на ЕУ и САД беше постигнат договорот од Пржино во јуни минатата година, кој предвидува создавање на специјализирано обвинителство кое ќе им суди на сите виновници за сегашната ситуација, како и предвремени избори.
