САД го достигнаа плафонот на државниот долг
Државниот долг на САД вчера го достигна својот најголем долг, утврден со закон од Конгресот, соопшти Министерството за финансии на земјата.
За да можат државните институции да продолжат да функционираат, Министерството за финансии ќе преземе „вонредни мерки“. Тоа ќе се случи во соработка со Конгресот, како од Заводот се надеваат дека републиканското мнозинство во Претставничкиот дом (долниот дом) ќе пројави разбирање и нема да се прават пречки.
При разгледувањето на буџетот за финансиската 2016 година републиканците и демократите беа на дијаметрално различни позиции околу прашањето како за буџетскиот дефицит, така и за трошоците за одбрана, образование, здравство и слично. Министерот за финансии Џек Лиу уште во декември ги предупредил законодавците за постигнување на преголемиот долг, потсетувајќи ги дека зголемувањето на долгот не значи решавање на дополнителни трошоци.
Засега не е јасно дали републиканците се подготвени на отстапки за да не се повтори финансиската криза како во октомври 2013 година. Тогаш федералните институции ги затворија вратите за 2 недели поради неземањето пари од државен буџет. На крајот на краиштата меѓу републиканците и демократите беше постигнат компромис, буџетот беше донесен и јавниот долгот е зголемен на над 18 трилиони долари.
