САД дава писмени гаранции дека нема да има проблеми со руското жито и ѓубрива
САД ќе издаде писмени дозволи на превозниците и осигурителните компании за да се олесни извозот на руското жито и ѓубрива, изјави американската амбасадорка во Обединетите Нации, Линда Томас – Гринфилд.
- Руските житарици и ѓубрива не се опфатени со американските санкции, но компаниите се малку нервозни и подготвени сме да им издадеме писмени потврди, доколку тоа помогне да се охрабрат, изјави таа..
На оваа тема разговараше и шефицата на УНКТАД, Ребека Гринспан, во Москва со првиот потпретседател на руската Влада, Андреј Белоусов, заради создавање услови за непречен извоз на руски житарки и ѓубрива. Гринспан сега во Вашингтон разговара за истиот проблем, „со клучна цел да се решат сите изразени глобални прехранбени несигурности“, како што кажа портпаролот на ОН.
Руската инвазија на Украина и западните санкции против Москва предизвикаа силен раст на цените на житариците, маслата за јадење, горивата и на ѓубривата.
