Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД бараат од сојузниците да платат повеќе за критични минерали надвор од Кина?

САД бараат од сојузниците да платат повеќе за критични минерали надвор од Кина?

Трговскиот претставник на САД, Џејмисон Грир, им порача на сојузниците на САД да бидат подготвени да платат повеќе за критични минерали набавени надвор од Кина за да се обезбедат побезбедни синџири на снабдување, објави „Фајненшл тајмс“.

Во интервју за еден британски весник, Грир рече дека сојузниците треба да прифатат таканаречена „премија за национална безбедност“ за минерали што би се набавувале од предложена група трговски партнери, вклучувајќи ја и Европа.

„Постои премија што ја плаќаме, а јас ја нарекувам премија за национална безбедност. Сите ќе ја плаќаме таа премија за да имаме безбеден синџир на снабдување“, рече Грир.

Тој изјави дека западните земји станале зависни од Кина за клучни минерали поради прекумерен фокус на намалување на трошоците, објави Ројтерс.

„Кога трговските партнери изразуваат загриженост за економските трошоци на ценовните прагови или механизми, им велам дека токму овoj стремеж кон ефикасност на трошоците нè довел до сегашната ситуација“, рече тој.

Грир рече дека е потребен посебен механизам за цени за минерали од ретки земји, бидејќи Вашингтон се стреми да обезбеди пристап до критични резерви и да ја намали зависноста од кинеската доминација во синџирите на снабдување со ретки земји.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести