Сѐ уште неизвесно распуштањето на Собранието
Последните информации од терен велат дека распуштањето на Законодавниот дом е сѐ уште неизвесно.
Седницата која беше закажана за во 20 часот била одложена за во 22 часот, но како што јавија од 24 вести уште не била почната.
Според извори на овој медиум претседателот Велјановски дури и не бил во Собранието, туку можно е да заминал на консултации, но не се знае дали со лидерот на неговата партија Никола Груевски или пак со дипломатите во земјава.
Рокот за распуштање на Собранието истекува точно на полноќ, а доколку претседателот на оваа институција го распушти собранието, неофицијални информации велат дека е можно изборите да бидат распишани на 15 април со цел Државната изборна комисија да има повеќе време да го заврши целосно извештајот за вкрстената и теренска проверка.
За потсетување ...
Пратениците од опозицијата поднесоа оставки и го повикаа Велјановски да свика итна седница на која ќе им бидат констатирани истите но досега тоа не се случи.
Повеќе детали очекувајте наскоро
Слично
