Економија, финансии, бизнис

Контакт

„S&P“ Го намали рејтингот на Грција близу нивото што означува ризик од банкрот

„S&P“ Го намали рејтингот на Грција близу нивото што означува ризик од банкрот

Агенцијата „Стандард и Пурс“ (S&P) го намален кредитниот рејтинг на Грција на Б-, едно ниво над нивото што укажува на ризик од банкрот, предупредувајќи ја официјална Атина дека нема многу време за постигнување на договор со кредиторите.

„Ние веруваме дека продолжувањето на преговорите со кредиторите може да доведе до нови притисоци врз финансиската стабилност во форма на одливите на депозитите и според најлошото сценарио, воведувањето на контролата на капиталот и губење на пристап до финансиски средства, кое може да доведе до исклучување на Грција од еврозоната“, изјавија од S&P.

Грчката влада ќе инсистира на преговори со кредиторите од ЕУ да постигнат договор за привремено кредитирање пред тие да го претстават  планот за реструктуирање на кредитите, изјави неименуван грчки функционер.

Грција сака да и се дозволи голем обем на краткорочни обврзници за да биде во можност да ги покрие финансиските потреби.

Тековните ограничувања од хартиите од вредност, со прописите на Европската централна банка, изнесуваат 15 милијарди евра годишно.

Слично

Поврзани вести