S&P ги споредува словенечките банки со казахстанските
Словенечкиот банкарски систем според мислењето на „Standard & Poor`s“ е во лоша состојба, слично како и банкарскиот систем во Казахстан.
- Проблемот во Словенија се државните банки кои претставуваат речиси половина од вкупната актива - оценува Пјер Готје, аналитичар на „Standard & Poor`s“.
Во „Standard & Poor`s“ предвидуваат дека Словенија, но и останатите источноевропски држави, според потребите ќе им понудат помош на своите системски важни банки.
Банките во Чешка и Словачка, според мислењето на „Standard & Poor`s“, не се далеку од австриските, француските и холандските.
Полските банки според тежината на проблемите кои ги имаат се сместени на средина на листата.
Слично
