Рeзултатите за економскиот раст во еврозоната му дадоа сила на еврото
Еврото во текот на утрото достигна највисоко ниво во последните три месеци во однос на доларот поддржано од добрите резултати на БДП во Германија и Франција, но и на ниво на целата еврозона.
Британската фунта се искачи на највисоко ниво во последните 33 месеци во однос на доларот.
Цената на фјучерсите на американските акции во текот на претпладнето биле поприлично стабилни во очекување на објавувањето на извештаите за индустриското производство и потрошувачката клима во Америка.
Цената на златото се издигна на тромесечниот максимум во текот на европското тргување.
Цената на суровата нафта во текот на претпладнето осцилираше.Од една страна, недоволно добрите резултати на малопродажбата во Америка негативно се одразија на цената, додека од друга страна, објавениот извештај кој покажа дека во Либија во текот на оваа недела производството на нафтата опадна за повеке од 100,000 барели по ден, го ограничи понатамошниот пад на цената.
Детална анализа ТУКА
Слично
