РЖ Техничка контрола повторно ќе дели дивиденда
РЖ Техничка контрола по пауза од една година донесе одлука повторно да подели дивиденда на своите акционери за акумулираната неисплатена добивка до 31 декември 2008 која изнесува 9.462.250 денари со тоа што бруто исплатата по акција ќе изнесува 50 денари.

Дивидендата треба да се исплати во законскиот рок најдоцна до 30 септември годинава со тоа што веќе е утврден дивидендниот календар, на 19 мај ќе се утврдува листата на акционери кои имаат право на дивиденда, а на 16 и 17 месецов ќе се одржат последниот ден за тргување со право на дивиденда и првиот ден на тргување без право на дивиденда.
Според податоците од котацијата на берзата актуелната состојба со вредноста на акцијата на РЖ Техничка контрола изнесува 465,00 денари, со нето добивка по акција од 76,15 денари, а книговодствената цена на акцијата е 894,76 денари.
Ова е досега највредната исплата на дивиденда гледано по акција, бидејќи во 2014-та биле исплатени по 29 денари, а во 2015-та акционерите добиле нешто повеќе по акција односно 32 денари.
Главната дејност на РЖ Техничка контрола уште е утврдување на квалитетот на металуршкото производство на челик и негови конструкции преку лабораториски тестови
