Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ружин: Со сендвич и сок ВМРО-ДПМНЕ купува масовност во Охрид – ВМРО-ДПMНЕ најави тужба

Ружин: Со сендвич и сок ВМРО-ДПМНЕ купува масовност во Охрид – ВМРО-ДПMНЕ најави тужба
Бесплатен оброк и превоз до Охрид им нудела владејчката партија на младите во земјава за да го проследат почетокот на нивната кампања за претседателските избори каде треба да се обратат шефот на државата Иванов и премиерот Груевски. Ова го обелодени професорот Нано Ружин кој вели дека неколку студенти му се пожалиле на ваквиот „непристоен“ предлог на ВМРО-ДПМНЕ. „Деновиве неколку студенти ме известија дека им се јавуваат од центарот за комуникации на ДПМНЕ и нудат сендвич,кока кола и бесплатно патување на митингот на Иванов и ДПМНЕ во Охрид. Во овие 8 години толку го спуштија стандардот на граѓаните што се обидуваат да го купат инивното достоинство за 1 евро. Преродбата продолжува-народот гладува“ – пишува Ружин на својот фејсбук профил. Од ВМРО-ДПМНЕ  пак ја демантираа изјавата на Ружин и бараат извинување од него, во спротивно партијата ќе го тужи. „Со оваа изјава Нано Ружин падна многу ниско и во немање на конкретни идеи се занимава само со негативна кампања. Ова е очаен обид на опозицијата пред почетокот на изборната кампања да напаѓа и омаловажува. Ваквите изјави со дневно политички цели нема да ѝ помогнат на опозицијата да не доживее уште еден пораз на претстојните претседателски и предвремени парламентарни избори“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Слично

Поврзани вести