Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ружин: Груевски сега би направил пакт и со ѓаволот

Ружин: Груевски сега би направил пакт и со ѓаволот
Не се работи само за обично попуштање на студентите, професорите,хонорарците. Туку, оваа дефанзивна политика треба да се набљудува во функција на неговата моментална состојба-односно на аргументите што ги поседува опозицијата и кои популарно се нарекуваат „бомби“, вели за Фактор Нано Ружин поранешен амбасадор на Македонија во НАТО.   Ако досега можеше да се даде одреден фото-робот на досегашниот однос на Груевски кон барањата на народот - неговиот одговор беше секогаш систематично - НЕ. На тој начин настојуваше да ја прикаже сопствената личност како израз на силен и непоколеблив водач кој никогаш не попушта дури и да не е во право. Впорочем се сеќаваме на спотот со Александар Македонски, во режија на владата, дека тој секогашодел до крај во сите битки и ги добивал. Овој пат, неговото попуштање има системски димензии. Не се работи само за обично попуштање на студентите, професорите, хонорарците. Туку, оваа дефанзивна политика треба да се набљудува во функција на неговата моментална состојба-односно на аргументите што ги поседува опозицијата и кои популарно се нарекуваат„бомби“. Сетете се, колку време не сме го виделе премиерот насмеан и опуштен во некоја од неговите омилени популистички емисии и новинари. Обично по секој настан тој ќе се појавеше. Не сме ги виделе, ниту Иванов, (насмеан) ниту некој од неговите министри.Сите се загрижени и намуртени-ангажирана е тешката артилерија на власта: новинари,глумци, (не)интелектуалци сите во одбрана на режимот, однсно пренасочување на скандалите во насока на "шпионска афера", предавство, рушење на Уставниот поредок, „Пуч“...Се создаваат инстант НВО-а за одбрана на Македонија, патриотски здруженија. Сите во функција на одбраната на власта за да се компоензира длабочината на скандалите. Конечно се бара заеднички јазик со професорите, студентите, хонорарците па дури и со ѓаволот за да се спаси и одбрани она што не се брани. Ако треба како што пишува Тричковски ДПМНЕ ќе прифати закони кои никогаш не би им паднале на памет да ги прифатат. Сето ова е многу блед и надминат еднопартиски(комунистички) начин на надминување на кризата. Се надевам дека нема да воведат и вонредна состојаба во која би ги укинале институциите и човековите права и слободи. Но, како што пишува Карл Шмит во такви услови до израз доаѓа моќта на лидерот. Тој станува и тужител, и судија и извршител. Секој деспот мечтае за таквото сценарио , впрочем тоа беше случајот и со Хитлер и останатите диктатори.
Слично

Поврзани вести