Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руско „збогум“ на доларот: Таа земја трупа злато

Руско „збогум“ на доларот: Таа земја трупа злато

Руската централна банка дефинитивно настојува да ја намали зависноста од доларот. Тоа го покажува фактот дека имала водечка улога во првиот квартал на 2019 година бидејќи е една од земјите чија централна банка ги купила најголемите количини злато во последните шест години.

Глобалните резерви на злато пораснале за 145,5 тона од почетокот на годината до крајот на март, што е раст од 68 отсто во однос на истиот период лани.

Тоа е и најголем раст на глобалните резерви за овој период од 2013 година, според најновиот извештај на Светскиот совет за злато.

Руската централна банја во првото промесечие во своите трезори додала 55,3 тона злато благодарение на што нејзините и онака големи резерви достигнале 2.168,3 тона, што таа земја ја направило најголем купувач на злато, стои во извештајот кој го пренесува Раша тудеј.

Слично

Поврзани вести