Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ИЗГУБИЈА 32 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ПОРАДИ УКРАИНСКАТА КРИЗА: „Осиромашија“ дури за една третина од своето богатство

РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ИЗГУБИЈА 32 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ПОРАДИ УКРАИНСКАТА КРИЗА: „Осиромашија“ дури за една третина од своето богатство

Руските милијардери изгубиле вкупно 32 милијарди долари од почетокот на годината, објави Блумберг.

Нивното богатство - кое во голема мера се чува преку сопственички удели во руските гигантски стоковни компании - пропадна во услови на невидена пазарна нестабилност додека украинската криза продолжува да ескалира, објавија руските медиуми.

Западните влади во вторникот воведоа санкции кон Русија, вклучително и суспендирање на гасоводот Северен тек 2, блокирање на трговијата со државни обврзници и издавање нови замрзнувања на имот и забрана за патување на највисоките олигарси.

Генадиј Тимченко, кој во понеделникот беше санкциониран од Британија, изгуби речиси една третина од своето богатство оваа година, објави Блумберг.

Европската унија е подготвена за неколку часа да го објави својот пакет санкции против Москва.

Мерките се очекува да вклучат замрзнување на имотот и забрана за патување за секој пратеник од Долниот дом на рускиот парламент кој побарал од претседателот Владимир Путин да го признае отцепувањето на Доњецк и Луганск.


Слично

Поврзани вести