Руските банки бараат од Трамп да им ги укине санкциите
Шефот на ВТБ една од најголемите руски банки Андреј Костин, на Светскиот економски форум во Давос посочи дека време е новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ги укине санкциите кои САД ги наметна пред три години.

Костин посочи дека санкциите негативно влијаат врз руските банки бидејќи се блокирани голем број на меѓународни операции, отежнати се инвестициите, вредноста на акциите на финансиските пазари опаѓа, додека пак, во исто време берзите во САД се во пораст откако победи Трамп. Токму затоа тој треба да ги укине санкциите бидејќи се нелогични и нерамноправни, смета банкарот Костин кој го дели ставот на официјален Кремљ.
Засега од тимот на Трамп се уште не го разгледале прашањето за санкциите кои се конкретно насочени против руските банки, но посочија дека штом стапи на функција ова прашање ќе биде разгледано.
