Руските бабушки станаа многу популарни на Алјаска - кој ги купува?
Руските бабушки станаа многу популарни во продавница за сувенири во Анкориџ, Алјаска.
Руските бабушки произведени во Петропавловск-Камчатски станаа еден од најпродаваните сувенири во продавница во Анкориџ, Алјаска, каде што треба да се одржи средбата меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп.
Според еден локален продавач, дневно се продаваат од 20 до 30 бабушки, пренесува РИА Новости.
„Ги купуваат Европејци, претежно Данци и Германци, но и Кинези“, рече тој.
Средбата меѓу Путин и Трамп треба да се одржи во петок, 15 август.
foto EPA/ANATOLY MALTSEV
Слично
