Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рускиот воз не запира - Не му треба украинска пруга

Рускиот воз не запира - Не му треба украинска пруга

Русија во последните две години поради воениот конфликт на истокот на Украина, анексијата на Крим и поддршката на сепаратистите во повеќе региони значително ги влоши односите со Киев поради што мораше целосно да ја менува економската стратегија. 

Покрај заобиколувањето на гасоводот, најнов проект на Русија со кој ја намалува зависноста од Киев е продолжувањето на железничкото поврзување со што руските возови повеќе нема да мора да влезат на украинска територија и преку алтернативни рути ќе го продолжат патувањето. 

Проектот е многу важен бидејќи ја поврзува централна Русија со Црното море, а избегнат е регионот Луганск кој беше погоден од војната и натаму не е целосно безбеден. Комплетирањето на трасата низ Ростов и Воронеж треба да заврши кон крајот на годината и да донесе значително намалување на трошоците, како и непречен проток на патници и стока.

Слично

Поврзани вести