Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рускиот гас добар за Британија, лош за Балканот

Рускиот гас добар за Британија, лош за Балканот

Министерката за енергетика на Велика Британија Ембер Рад ја одобри намерата на компанијата Сентрик значајно да го зголеми увозот на гас кој го доставува рускиот Гаспром.

Тоа се случи иако во последните месеци Лондон жестоко се залага за зајакнување на санкциите против Русија, иако веќе многумина во Германија и Франција ги сметаат за бесмислени.

„Фајненшл тајмс“ укажува дека Сентрик постаил во согласност со своите интереси, но дека не е јасно дали британската влада во одлука да им ја допушти работата пресметала и гасната стратегија на Русија односно намерата на Кремљ да го зацврсти својот удел во светскиот пазар на гас и да изгради гасоводи кои ќе ја заобиколат Украина и другите земји способни да им сметаат во тоа.

Гаспром одамна планира да го продолжи Северен ток, со кој ја снабдува Германија, кон Холандија и Велика Британија. Кога се оствари тоа, ефтинот природен гас ќе стигне на главните европски пазари. Својот удел Русија ќе го сочува, Украина ќе се лиши од приходите од транзитот на гас и ќе биде принудена да бара парти за претплата на тој енергент.

Слично

Поврзани вести