Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рускиот БДП годинава ќе потоне

Рускиот БДП годинава ќе потоне

Оваа година руското БДП ќе падне за 15 отсто. 

Институтот за меѓународни финансии (ИИФ) ја намали прогнозата за растот на бруто домашниот производ (БДП) на Русија за 2022 година за 18 процентни поени во однос на претходната процена за раст од 3 отсто. Тоа значи дека вкупниот пад до крајот на годинава би бил 15 отсто, објава Ројтерс.

Тоа  драстично би ја поткопало способноста на Русија да плаќа за увоз на стоки и услуги, продлабочувајќи ја рецесијата. 

Руската криза ќе ја зафати и Источна Европа, а најпогодени би биле Турција и Египет, односно земјите кои увезуваат нафта и пченица од Русија и Украина.

Русија ја забрани продажбата на девизи на шест месеци, нејзина најнова мерка за обид да се избегне длабока економска криза и да се работи со руската рубља.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести