Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рускиот амбасадор на Дачиќ му пренел барања од Москва, но за едно нешто се лутат

Рускиот амбасадор на Дачиќ му пренел барања од Москва, но за едно нешто се лутат

Рускиот амбасадор во Белград, Александар Боцан Харченко го пренел очекувањето на Москва дека Србија нема да учествува на меѓународните собири каде ја нема Русија, пренесе Н1. 

На средбата со српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ рекол дека тоа се однесува на Самитот за демократија, Советот за европски политички заедници и уште некои средби на кои во фокусот ќе биде Русија.  Тој му рекол на Дачиќ дека САД ќе бара Обединетите нации да ја исфрлат Русија. Му зборувал и за формирање на трибунал за воени злосторства во Украина. Дачиќ рекол дека во духот на пријателските односи ќе ги разгледа овие барања на Русија. Амбасадорот му забележал и затоа што министерката за енергетика Дубравка Ѓедовиќ разговарала со украинскиот амбасадор во Србија за помош за енергетската инфраструктура во земјата. 

Србија е земја која не воведе санкции за Русија поради војната во Украина. 

фото Бета

Слично

Поврзани вести