Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руски трговски ланци заинтересирани за Србија

Руски трговски ланци заинтересирани за Србија
Големите руски трговски ланци се заинтересирани за соработка со српските производители. Во прв план е прехранбената индустрија, и по тој повод за десет дена над  сто руски компании ќе ја посетат Србија и ќе бидат дел од третата меѓународна изложба „Експо Русија Србија 2016“. Од Стопанската комора на Србија  велат дека доаѓањето на некои познати брендови во Србија, е само прашање на време и наскоро соработката ќе се реализира. Меѓу трговските ланци ќе биде и вториот трговски ланец од Русија, X5 со кој Србите досега не соработувале. Се смета дека состаноците ќе дадат резултати и ќе придонесат за отварање на нови работни места. Интересот на руските трговски ланци за Србија, се толкува како чекор со кој Русите им вртат грб на Турците.    
Слично

Поврзани вести