Руски олигарх ја купи нафтената филијала на Германската „RWE“ компанија
Германската енергетска компанија „RWE“ денеска ја продаде својата нафтена и гасна филијала „Dea investicionom fondu Leter uan (LetterOne)“ на чие чело ќе биде рускиот милијардер Михаил Фридман.
„Leter uan и RWE“ денеска ја завршија продажбата на филијалите на „RWE“ „Dea Leter uan“. Проценетата вредност на компанијата, според актуелниот девизен курс е околу 5,1 милијарди евра, што поради флуктуациите во курсот е благо над претходно договорената сума“, се наведува во соопштението на германската групација.
Оваа трансакција е објавена, уште пред година дена, предизвикала бројни контроверзии, бидејки нејзината најава се поклопила со санкциите кои ги наметнале на Русија поради наводната вмешаност во украинската криза, што предизвикало загриженост помеѓу европските земји дека европската нафтена и гасна компанија би можела да падне во руски раце, јави Ројтерс.
Германската влада меѓутоа, во август минатата година го одобри овој договор, со образложение дека нема да ја загрози безбедноста на испораката на гас за Германија.
