Руски министер открива правило кое ѝ помогнало на Москва да издржи повеќе од 30.000 санкции
Буџетското правило кое ја обезбеди стабилноста на руската економија, ѝ овозможи на Русија да издржи повеќе од 30.000 санкции, изјави министерот за финансии Антон Силуанов во интервју за руските медиуми.
Министерот потсети дека буџетското правило ѝ овозможи на економијата на земјата да ја надмине кризата од 2014 година, кога цените на нафтата паднаа, како и за време на пандемијата на коронавирусот.
„Сè уште помага сега, кога се воведени повеќе од 30.000 санкции“, рече Силуанов.
Според него, тоа е „филозофијата на финансиерите“, која повикува на „размислување однапред и спречување на ризици“.„Буџетските цели и приоритети се менуваат, но основниот принцип на избалансиран буџет останува: треба да се троши колку што се заработува“, заклучи Силуанов.
Соединетите Американски Држави(САД) продолжуваат да бидат водечки по бројот на санкции наметнати врз Москва, сочинувајќи 24,1 процент од сите мерки наметнати врз земјата. Канада, со удел од 12,9 проценти, и Швајцарија, со удел од 11,8 проценти, исто така беа на првите три места. Поради руската инвазија на Украина, Русија и Белорусија се под санкции.
foto freepik.com
