Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Русија оваа година потрошила 5,1 отсто од БДП за војната во Украина. 

Ова денеска го потврди рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов, што претставува прва ваква официјална проценка за оваа година.

Врз основа на проценетиот БДП за 2025 година од 217 билиони рубљи (2,7 билиони американски долари), воената потрошувачка ќе изнесува 11 билиони рубљи.

Белоусов изјави дека Министерството за одбрана во 2025 година вкупно ќе потроши 7,3 проценти од БДП, вклучително и невоените трошоци. 

„Водењето борбени операции доведе до зголемување на воената потрошувачка. Сето тоа бараше строга оптимизација и утврдување приоритети во буџетот за одбрана“, рече Белоусов на годишниот состанок на Министерството, на кој присуствуваше и претседателот Владимир Путин. 

Белоусов изјави дека Министерството во 2025 година се соочило со големи буџетски ограничувања и дека морало да ги намалува трошоците. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести