Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руски кредити за модернизација на српската железница

Руски кредити за модернизација на српската железница

Со руски кредит од 800 милиони долари, српската Влада ќе ја  модернизира железницата. Според договорот, кредитот ќе се користи за достава на дизел локомотиви и за изградба на локалната железничка инфраструктура во следните пет години.

Како што јавува Танјуг, договорот беше потпишан од директорот на Руската државна железница Сергеј Павлов и Железницата на Србија, Драгољуб Симоновиќ. Според најавите на српските власти, освен рускиот кредит, ќе бидат обезбедени и дополнителни пет проценти од државата , со што вкупната вредност на активностите ќе изнесува 900 милиони долари.
Слично

Поврзани вести