Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руски Газпром заинтересиран за ТЕЦ Неготино?

Руски Газпром заинтересиран за ТЕЦ Неготино?

Не е исклучена можноста Газпром наскоро да влезе во Македонија и тоа во ТЕЦ Неготино, тврдат за Фактор  доброупатени извори. Наводно според информациите, ова било и една од темите за кои разговарале премиерот Никола Груевски со првиот човек на руски Газпром Алексеј Милер, при неговата неодамнешна експресна посета во Скопје. Доброупатени извори за Фактор тврдат дека интерес на рускиот енергетски гигант за ТЕЦ Неготино постоел уште од 2005 година.

Споре нашите информации веќе од следната година се очекува почеток на изградбата на цевководот од Клечовце до Неготино. Носител на проектот е руската компанија „Стројтранс гас“ со што практично се оечкува заокружување на рускиот клириншки долг. Во оваа конотација наводно русите биле заинтересирани и за ТЕЦ Неготино.

Инаку, магистралниот гасовод во должина од околу 100 километри ќе се изведува како крак од постоечкиот гасовод кај кумановското село Клечовце, преку Штип и Неготино до ТЕЦ Неготино. Првичната финансиска конструкција изнесува 75 милиони долари, од кои 60 милиони долари се обезбедени од рускиот клириншки долг кон Македонија, а останатите 15 милиони долари од буџетот.

И.М.
Слично

Поврзани вести