Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руски Гаспром е изненаден и навреден

Руски Гаспром е изненаден и навреден
Според информациите од рускиот нафтен гигант, стандардна пракса е големите прекугранични инвестиции да се поддржат со меѓудржавни договори како би се обезбедила правна сигурност и стабилност за инвеститорите. Ова доаѓа откако заменик генералниот директор за внатрешниот енергетски пазар во Европската комисија, Клаус Дитер Борхарт, на конференцијата за Јужен тек изјави дека билатералните договори кои руски Гаспром ги склучил со земјите вкучени во Јужен тек, меѓу кои и Македонија, се спротивни на прописите со ЕУ и дека за нив тие земји мора повторно да преговараат.
Ние не сме потписници на овие договори, но нивната содржина веќе со години и е достапна на јавноста. Затоа сме изненадени и разочарани што Комисијата ја изразува својата загриженост дури сега, откако работите на изградбата на гасоводот започнаа, велат од Гаспром.
Како што се соопштува во известувањето, овој незгоден тајминг е уште помалку разбирлив ако се земе во предвид дека на Јужен тек му е доделен статус на национален приоритет во неколку земји членки на Европската Унија.
Изградбата на Јужен тек ќе продолжи според планот и во потполна согласност со локалните закони и меѓународни стандарди. Преостанатите регулаторни прашања кои се однесуваат не енергетскиот закон на Евроспката унија можат да бидат разјаснети паралелно со изградбата, порачуваат од Гаспром.
Руската компанија потсетува дека со регулаторните тела на ЕУ е постигнат договор за гасоводот ОПАЛ, кој претставува копнен дел на Северниот тек, и дека веруваат дека е можно да се искористат искуствата стекнати во овој процес како брзо би се воспоставила функционална регулаторна рамка за копнениот дел на Јужен тек, чиј најзначаен дел поминува низ Балканот. К.К  
Слично

Поврзани вести