Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руски функционер вели дека Европа ќе ги моли за енергенси

Руски функционер вели дека Европа ќе ги моли за енергенси

Руски функционер вели дека Европа ќе ги моли за енергенси. 

„Европа и Велика Британија наскоро би можеле да се соочат со сериозна енергетска криза и да бидат принудени повторно да се свртат кон руските ресурси“, тврди Кирил Дмитриев, директор на рускиот државен инвестициски фонд.

Говорејќи на состанок на рускиот сојуз на индустријалци и претприемачи, Дмитриев изјави дека очекува зголемен притисок од европските земји.

„Русија сигурно ќе добие многу барања од Европа и Британија и ќе одлучи дали ќе ги прифати или не“, рече тој.

Тој беше уште подиректен во својата оценка.

„Нашата проценка е многу јасна: Европа и Британија ќе нè молат за руските енергетски ресурси“, изјави Дмитриев.

Вели дека глобалните пазари веќе се под силен притисок поради конфликтот на Блискиот Исток, што може да доведе до драматичен раст на цените.

Тој предупреди дека цената на нафтата може да се искачи меѓу 150 и 200 долари за барел, оценувајќи дека Европа не е подготвена за „најтешката енергетска криза“.

Дмитриев тврди дека западните земји направиле стратешка грешка со намалувањето на зависноста од руската енергија.

„Западот сам си пукаше во нога“, изјави тој, алудирајќи на политиките по руската инвазија врз Украина во 2022 година.

Од Брисел засега остануваат на спротивниот став.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести