РУСКИ ФИНАНСИСКИ КОЛАПС: „Ја спасивме рубљата, ама инфлацијата ќе не вовлече во потешки проблеми“
Русија денеска објави дека кризата на националната валута рубљата е надмината, но и предупреди дека инфлацијата веројатно ќе порасне над 10 посто, што дополнително ќе ги отежне проблемите со кои е соочена владата на претседателот Владимир Путин во борба против најлошата економска криза од 1998 год.
Рубљата минатата недела потона на најниското ниво некогаш поради падот на цената на нафтата, која е темел на руската економија, и санкциите на Западот поради украинската криза поради која руските компании речиси и не можат да позајмуваат пари од западните пазари.
Но, рубљата во меѓувреме поврати добар дел од вредноста после одлуката на релевантните власти да ја запрат нејзинаото паѓање и намалат инфлацијата, што е , после неколку години економска стабилност, закана на репутацијата на Путин , политичар кој цели кон напредок.
Меѓу донесените мерки се зголемените каматни стапки од 10,5 на 17 посто и ограничување на извозот на житарици, мерки за контрола на капиталот.
„Клучната стапка е зголемена како би ја стабилизирала состојбата на пазарот на валути ... Тој период, според наше мислење, помина. Рубљата сега зајакнува“, рекол денеска рускиот министер за финансии Антон Силуанов пред застапниците на горниот дом на рускиот парламент, додавајќи дека каматните стапки ќе се намалат ако состојбата остане стабилна.
