Руски авион ја прекршил забраната и преку Бугарија слетал во Белград
Руски авион слета во Белград преку Бугарија.
Рускиот авион Иљушин-Ил-96-300, на специјален лет од Сочи, изутринава полета за Белград преку Бугарија, иако таа земја официјално го затвори својот воздушен простор за руските авиони уште во февруари, јави Н1.
Според податоците објавени на веб-страницата flightradar24.com, авионот полетал од Сочи околу 8 часот наутро, а слетал на белградскиот аеродром околу 9 и 30 часот. Во делот „авиокомпанија“ на оваа специјализирана страница што ги следи летовите низ светот стои „Rossiya – Special Flight Squadron“, што е ознака за руските државни авиони.
Откако Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина, ЕУ воведе санкции, а земјите го затворија воздушниот простор. Ер Србија лета кон руските градови, но досега повеќе пати имаше дојави за бомби.
фото: твитер/принтскрин
