Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руски амбасадор: Од каде знаете дека немаме планови против Хрватска, Унгарија, Полска?

Руски амбасадор: Од каде знаете дека немаме планови против Хрватска, Унгарија, Полска?

Рускиот амбасадор во БиХ, Игор Калабухов беше гостин на телевизија „Фејс“ и зборуваше за плановите на БиХ за влез во НАТО.

„Не ни пречи да влеземе во НАТО. Тоа не е закана, можеби предупредување. Одлучете сами. Тоа е како маѓепсан круг, веќе реков… Да претпоставам, на пример: БиХ стана членка на НАТО и Брисел одлучи таму да стави нуклеарни проектили насочени кон Москва. Ќе ја процениме стратешката ситуација и затоа мислам дека излезот мора да биде европскиот систем, а не НАТО“, рече Калабухов, пренесува Index.hr.

На прашањето зошто на Русија „не и пречат“ околните и соседните земји кои се веќе дел од НАТО, тој одговори:

„Од каде знаете дека немаме планови против Хрватска, Унгарија, Полска?“

Вели дека гледаат од каде доаѓаат заканите и реагираат. 

Тој претходно и се закани на БиХ со украинско сценарио. 

Foto: Dejan Rakita/Pixsell

Слично

Поврзани вести