Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руски агенти влегле во фабрика за оружје во Албанија и повредиле двајца војници

Руски агенти влегле во фабрика за оружје во Албанија и повредиле двајца војници

Тројца руски агенти сакале да упаднат во фабрика за оружје во албанскиот град Грамш, објави албанското министерствот за одбрана. Двајца од нив имале руски, а еден бил со украински пасош.

– Веднаш реагирале војниците кои го обезбедуваат објектот, но при напорите да се спречат тројцата странски државјани, повредени се двајца наши војници. Тие се под грижа на лекарите во клиниката за трауматологија во Тирана, стои во соопштението.

Полицијата пак соопшти дека во комесаријатот во Елбасан приведени се двајца мажи, Русин и Украинец и една Русинка. Во истрагата за расветлување на околностите на инцидентот е вклучена и агенцијата за разузнавање.

Според медиумите во моментот кога војниците им се приближиле, дошло до физичка пресметка меѓу војниците и трите лица, кои користеле палки и спреј за време на тепачката. Од нападот повредени се двајца албански војници, кои се надвор од животна опасност, но со ризик едниот од нив да остане со оштетен вид.

- Во чантите на приведените лица- руски агенти пронајдена е апаратура што ја користат агенти за шпионажа за фотографирање објекти. Во микрочиповите на апаратурите пронајдени се фотографии од објектот во Грамш, јавија медиумите.


Слично

Поврзани вести