Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руската влада работи на основање исламска банка

Руската влада работи на основање исламска банка

Руската влада работи на основање исламска банка во земјата, објави во петокот шефот на Комитетот за финансиски пазари на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент, Анатолиј Аксаков. Toj  ги даде овие коментари на настан во Казан, главниот град на Руската Република Татарстан.

Тој рече дека се консултираат со бизнис лидери и муслимански претставници во Русија во врска со основање исламска банка.

„Исто така, сме во разговори со арапските земји за основање таква банка“, кажа Аксаков. 

Со оглед на тоа што се очекува муслиманското население во Русија да достигне 30 проценти до 2033 година, исламското банкарство добива на популарност, пренесува bankar.me.

Експерименталните операции за исламско банкарство во некои региони на Русија, како што се Татарстан, Чеченија и Дагестан, започнаа на 1 септември 2023 година.

Слично

Поврзани вести