Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руската валута губи, еден долар се тргува за 155 рубљи

Руската валута губи, еден долар се тргува за 155 рубљи

Нов рекорден пад има на вредноста на рубљата, при што еден долар се тргува за 155 рубљи. 

Од почетокот на оваа година руската валута загуби 90 отсто од вредноста во однос на доларот, јавува Си-Ен-Ен. Пред почетокот на војната, еден долар беше меѓу 70 и 80 рубли. 

Русите веќе ја чувствуваат девалвацијата на домашната валута и санкциите од западот. Многу Руси  ги подигаат парите од банките или ги заменуваат за долари. 

Откако Русија ја почна инвазијата на Украина на 24 минатиот месец, ЕУ воведе санкции, а кон нив е приклучи САД. 

Можно е Русија наскоро да доживее банкрот. 

Слично

Поврзани вести