Руската црква бара ослободување на Вранишковски
Православната охридска архиепископија соопшти дека руската Православна црква побарала од државниот и црковниот врв во земјава помилување за Јован Вранишковски.
Ваквата порака ја пренел Иларион Алфеев, еден од највлијателните митрополити на РПЦ, кој викендов беше во дводневна посета на земјава.
Митрополитот ваквото барање го истакнал за време на средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов како и со премиерот Никола Груевски.
За време на својот престој во Скопје Иларион остварил средба и со Вранишковски.
Ставот на РПЦ е дека тие не можат ништо да помогнат во македонско-српскиот црковен спор се додека Вранишковски е во затвор.
Од таму доаѓаат информации дека МПЦ би можела да добие статус на „самостојна“ црква, што подразбира висок степен на самостојност, но не и целосна автокефалност.
Слично
