Руската централна банка се соочува со најтешката одлука за каматата
Руската централна банка (РЦБ) треба да ја донесе најтешката одлука за 2015 година која истекува на последната за оваа година седница на монетарната политика денес, сметаат аналитичарите .
Според поголемиот дел од нив регулаторот најверојатно ќе ја задржи својата водечка камата на нејзиното досегашно ниво од 11 проценти.
Експертите не се целосно уверени дека тоа ќе се случи, бидејќи актуелната инфлација се намалува, а во исто време се засилуваат инфлациските ризици поради падот на цените на нафтата, санкциите против Турција и други предизвици за економијата на земјата.
5 од 16 економисти сметаат дека регулаторот ќе ја намали каматата за 0,5 процентни поени, до 10,5%.
Резултатите од денешната седница ќе станат познати во раните попладневни часови. Централниот банкар на Русија Елвира Набиулина ќе даде прес-конференција набргу потоа.
