Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСКАТА РУБЉА ЗАСТАНА НА НОЗЕ: Се врати на вредноста пред војната

РУСКАТА РУБЉА ЗАСТАНА НА НОЗЕ: Се врати на вредноста пред војната

Руската рубља сега е на својата предвоена вредност и покрај санкциите од Западот врз извозот и финансиските системи на земјата.

Валутата се тргуваше по 75,5 за еден американски долар во четвртокот наутро, во споредба со речиси 140 за долар на почетокот на март. Тоа е всушност подобро од 22 февруари, два дена пред инвазијата, кога беше на 80 долари.

Русија ја зајакна валутата со зголемување на каматните стапки на 20 отсто - односно поттикнување на инвестициите во рубљата - и наметнување на контрола на капиталот, што значи дека луѓето не можат да ја менуваат рубљата за други валути.

Економските аналитичари оценуваат дека зајакнувањето е и резултат на заканата на Кремљ дека ќе ги принуди европските увозници на гас како Германија да платќаат во рубљи, а како што наведуваат голема помош има од Кина и Индија, кои ја зголемија количината на руска нафта.

ФОТО: EPA

Слично

Поврзани вести