Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руската рубља расте веќе четврти месец - што е со другите валути?

Руската рубља расте веќе четврти месец - што е со другите валути?

Рубљата перидов зајакнува иако многу валути имаат обратен тренд. 

Со падот на цената на нафтата ослабнаа валутите на многу држави извозници, но за разлика од нив руската рубља расте веќе четврти месец по ред.

Во минатото, рубљата слабееше кога паѓаа и цените на нафтата, сега таа расте и покрај тоа што нафтата во март поефтине за 5 долари.

Руската валута остана стабилна и по изненадното намалување на референтната каматна стапка на Централната банка на Русија од 10,0% на 9,75%.

Од почетокот на годината рубљата зајакна околу 7% во однос на доларот на 57,14 рубљи и околу 3,5% во однос на еврото, на 61,74 рубљи.

Руската рубља е магнет за "кери" трговци,  изјавија експертите за Блумберг.

"Кери" тргувањето е традиционален метод кој го користат инвеститорите за да заработат пари на пазарот на валути. Основна идеја на овој начин на тргување е едноставна: кери трговците позајмуваат финансиски средства во валути со мал приход и потоа инвестираат во валути со поголем принос.

Инаку, во јануари лани руската рубља беше на најниско ниво. 

Тогаш курсот на рубљата ослабе на 84,8 рубљи за долар, откако претходно ја проби психолошката граница од 80,1 рубља за долар.

Слично

Поврзани вести