Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСКАТА НАФТА ПОВТОРНО ТЕЧЕ КОН ИСТОЧНА ЕВРОПА: Холандска банка го овозможи плаќањето

РУСКАТА НАФТА ПОВТОРНО ТЕЧЕ КОН ИСТОЧНА ЕВРОПА: Холандска банка го овозможи плаќањето

Протокот на руска нафта преку гасоводот Дружба кон Чешка ќе продолжи, објави словачкиот оператор на гасоводот Транспетрол.

„Вечерва во 20:00 часот ќе продолжи протокот на нафта кон Чешка“, изјави портпаролот на Транспетрол, пишува Ројтерс.

Во вторникот, руската компанија „Транснефт“ соопшти дека испораките преку гасоводот „Дружба“ се прекинати кон Чешка, Унгарија и Словачка бидејќи западните санкции го спречија плаќањето на транзитни такси на украинската транзитна компанија „Укртранснафта“.

Протокот сепак кон Унгарија и Словачка продолжи уште во средата, откако унгарската рафинерија МОЛ и нејзината словачка единица Словнафт најдоа решение за плаќање, но испораките за Чешка не продолжија.

Од синоќа продолжи протокот на руска нафта и кон Чешка, откако анонимни извори соопштуваат дека исплатата била деблокирана од холандската банка ИНГ.

 Земјите од Централна Европа зависат делумно од руската нафта и во голема мера од рускиот гас, и обезбедија исклучоци од забраната на Европската унија за увоз на руска нафта додека не ги прилагодат своите бродски рути и рафинерии за да купуваат друга нафта.


Слично

Поврзани вести