Руската криза го погоди и Карлсберг
Данската пивара Карлсберг во четвртиот квартал од минатата година забележа пад на оперативниот профит од 22 отсто, во споредба со истиот квартал од 2013 година.
Дури ни силна побарувачка во Азија не успеала да го надомести остриот пад во продажбата на рускиот пазар.
Оперативна добивка во извесниот кавртал вредела 1,79 милјарди дански куни (241 милиони евра), додека во истиот периот минатата година изнесувала 2,3 милјарди куни, пренесува Ројтерс.
Аналитичарите за последниот квартал од минатата година предвидуваат во просек 1,93 милијарди куни профит.
За 2015 година, четвртиот по големина светски производител на пиво прогнозира раст на оперативната добивка на помеѓу 5 и 10 проценти.
Во соопштението се додава дека извршниот директор Ј.Расмусен ќе го напушти Карлсберг во јуни поради пензионирање, и него ќе го замени C.Харт, сегашниот сопственик на познатиот холандски производители на млеко (Royal Friesland Campina).
