Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руската економија се промени, заменик-премиерот откри со кого тргуваат сега

Руската економија се промени, заменик-премиерот откри со кого тргуваат сега

Рускиот заменик-премиер Алексеј Оверчук изјави дека Русија врши околу 87 проценти од својата трговија со земји кои не припаѓаат на таканаречениот глобален Запад.

Тој истакнува дека економијата се движи кон исток, кон глобалниот југ, во насока на пазарите во развој, јави ТАСС.

„Нашата економија буквално целосно се промени во последните пет или шест години“, рече Оверчук.

Тој додава дека бројката од 87 проценти од трговијата со незападните земји пред само пет или шест години изнесувала околу 40 проценти од вкупниот надворешно-трговски биланс.

„Ова докажува дека нашиот бизнис се адаптирал и преориентирал, вклучувајќи го и нашиот транспортен систем, логистиката и финансиите, бидејќи имаме партнери кои исто така сакаат да соработуваат со нас“, додаде вицепремиерот.

Поради војната во Украина, Русија е под санкции. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести