Економија, финансии, бизнис

Контакт

Руска компанија продава дијаманти, за колку пари и каде?

Руска компанија продава дијаманти, за колку пари и каде?

Необработени дијаманти за 430 милиони долари продала во октомври руската фирма „Алроса", соопштува RNS. 

Од компанијата додаваат дека минатиот месец се реализирале на пазарот и обработени дијаманти во вредност од 8,2 милиони долари.

„Побарувањето е најголемо од Индија, каде претстои сезона на одмори"- објаснува потпретседателот на „Алроса", Јуриј Окоемов. 

Руската компанија е најголем производител  на необработени скапоцени камења во светот. „Алроса" добива дијаманти во Јакутија и во Архангелска област на Русија Минатата година се ископани 38,3 милиони вредни камења што  донеле приходи за компанијата од 224,5 милијарди рубљи (околу 3,5 милијарди долари).


Слично

Поврзани вести