Русите веќе нема да можат да купуваат имоти во ЕУ
Во шестиот нов пакет санкции на Русите ќе им се забрани да купуваат недвижен имот во ЕУ.
Мерката е дел од шестиот пакет санкции на ЕУ против Русија, објави агенцијата Блумберг, повикувајќи се на увидот во официјалните документи.
Наводно, ќе се забрани директна или индиректна продажба или пренос на „сопственички права на недвижен имот лоциран на територијата на Унијата или во организациски делови на заеднички инвестициски потфати кои вклучуваат изложеност на таков недвижен имот“, известува Раша Тудеј (РТ).
Забраната се однесува на Русите кои не се државјани на ЕУ и немаат дозвола за престој во земјите-членки на Унијата, се наведува во извештајот. Тоа нема да важи за оние кои имаат државјанство или престој во Европската економска област или Швајцарија.
Откако Русија ја почна инвазијата на Украина на 24 февруари, САД и ЕУ воведоа санкции против оваа земја и против нејзиниот поддржувач Белорусија.
