Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русите спремаат Јужен тек, ама по друга траса

Русите спремаат Јужен тек, ама по друга траса

Новиот гасовод од Русија во Грција и Итакија би можел да преминува преку Црното море, а потоа преку територијата на Бугарија, вели помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.

Се работи на проект за испорака на гас од Русија за Грција и Италија преку трети земји. Гасоводот ќе оди по дното на Црното море, а потоа ќе влезе на територијата на една од крајбрежните земји, најверојатно Бугарија“, рекол Ушаков.

Русија и Грција би можеле да потпишат низа договори во областа на енергетиката, туризмот и инвестициите во текот на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Грција, додал Ушаков.

Руски „Роснјефт“ и грчката компанија „Хеленик петролеум“ би можеле да потпишат договор за основни услови на испорака на нафта и нафтени деривати, а се претпоставува дека таа руска страна тој документ ќе го потпиша директорот на „Роснјефт“ Игор Сечин.

Слично

Поврзани вести